Според медиумите во Англија, Реал Мадрид се распрашувал кај Манчестер Сити за можноста да го ангажира Ријад Марез, еден од најдобрите фудбалери на тимот од “Етихад“. Се претпоставува дека токму офанзивното лево крило на “граѓаните“ би било идеална замена за Герет Бејл, на кого Зинедин Зидан во новата сезона и официјално не смета.
Сепак Пеп Гвардиола, стратегот на Манчестер Сити не сакал ниту да слушне за можноста Марез да се пресели на “Сантијаго Бернабе“. Тој посочил дека Алжирецот е премногу важен дел од неговиот тим и дека тој останува во Сити и во следниот период.
Па така сега “кралевите“ ќе мораат да се фокусираат на некој нов играч, како замена за Бејл, но и за Хамес Родригез кој пак направи трансфер во Евертон.