Кајли Џенер на Инстаграм објави фотографија на која позира во луксузен автомобил специјално изработен за неа, со розева внатрешност.

За ефектот да биде целосен, Кајли ставила розев „Прада“ шешир, а како уште еден моден детаљ одбрала мала ташничка од брендот „Биркин“ во истата боја.
Цената на розевиот „ролс ројс“ е околу половина милион долари, а малата ташничката што ја носи има „голема“ цена – чини неверојатни 7.700 долари.

„Сѐ ова е за мене“, напиша Кајли во опис на фотографијата, која ја објави откако нејзината сестра Ким Кардашијан соопшти дека се прекинува снимањето на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ по 14 години емитување