Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Илиев на клупата на Арсенал на денешниот дуел на “топџиите“ со Фулам!?

Како што се најавува од Англија, постојат шанси нашиот репрезентативен голман Дени Илиев, денеска на стартот од Премиер Лигата да биде на клупата за резервни играчи во Арсенал. Односно мечот да го почне како втор голман, се разбира „единицата“ е за неприкосновениот Лено. Како што се шпекулира името на Илиев излегло на површина кај Микел Артета отако Мартинез кој е стандардна резерва на Лено, најавил дека ќе си замине од “Емирејтс“. Исто така од комбинација отпаѓа Мејси кој пак бранел на мечот на У-23 тимот на Арсенал. Тоа значи дека шансите Македонецот да се најде на клупата на Арсенал и да ја чека својата шанса во текот на мечот со Фулам била голема. Сепак да почекаме на одлуката на Артета, дали тој ќе се реши за Илиев или има некоја друга опција. Ако се реши за Илиев тогаш Македонецот за првпат во својата кариера ќе се најде на клупата на тимот во Премиер лигата. Инаку овој натпревар започнува денеска во 13:30 часот.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...