Во меѓународната истрага „Фалкуша“ по иницијатива на хрватската полиција, на Канарските острови е запленет скоро еден тон кокаин. Уличната вредност на запленетиот кокаин е околу 40 милиони евра соопшти Министерството за внаттрешни работи на Хрватска.
Полицијата соопшти дека собрала првични информации за трансатлантски шверц на големи количества кокаин во кој, како припадници на таканаречениот „Балкански картел“, активно биле вклучени и хрватските државјани.
Во меѓународната полициска акција против криминални ќелии од т.н „Балкански картел“ специјализиран за давање „услуги“ за кријумчарење на поголеми количини на кокаин, со едрилици и јахти учествувале Шпанската полициска гарда, француската царина,хрватската полиција, ЕУРОПОЛ, ДЕА во Загреб, британската НЦА и холандската полиција.
По прегледот, а заради сомнеж за шверц на наркотици, едрилицата била одвлечена во националните води на Канарските острови “, се наведува во соопштението. При претрес на едрилица на Канарските острови биле откриени вкупно 980 пакети со околу 980 килограми кокаин со висока чистота, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи. Според досега собраните информации, кокаинот бил наменет за европскиот пазар, вклучително и шпанскиот и хрватскиот илегален пазар на дрога.