20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Тајната на успехот на Роналдо е во готвачот Бароне

Кристијано Роналдо дефитнивно е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Рекордите, титулите, како лични така и колективни самите по себе говорат за моќта, способноста и капацитетот на Португалецот кој и на 35. години руши рекорди како од шега.

Тоа е приозвод на неговиот на далеку прочуен систем на работа, тренинзи и беспрекорен професионализам. Во таа комбинација секако влегува и исхраната за која последниот период е задожен еден од најдобрите готвачи во светот Џорџо Бароне.

Италијанецот е еден од најпознатите кулинари во светот, гастрономски гениалец и неговите услуги досега ги користеле голем број на познати личности.

Тој веќе извесно време е дел од тимот на Кристијано Роналдо, и буквално е со него 24 часа на ден. Заминува секако и на гостувањата каде што Роналдо настапува.
Бароне го нарекуваат „кралот на тестенините“ затоа што они кои имале искуство да ја вкусат неговата храна уверуваат дека нема подобро приготвено јадење.

За прв пат конекцијата помеѓу Бароне и Кристијано Роналдо беше откриена која готвачот се појави на јахтата на познатиот фудбалер заедно со неговата линија на вина која ја промовираше неодамна.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести