Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Тројца скопјани завршија со лисици заради тешка кражба во маркет: „МОЗОКОТ“ БИЛ ПОРАНЕШЕН ВРАБОТЕН ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Б.(26), А.Ј.(23) и И.Г.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“ во маркет во населба Ѓорче Петров, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 804.700 денари.

Врз основа на информациите на А.Б., кој пред две години работел во маркетот како обезбедување и ја знаел целосната поставеност на просториите во маркетот и на камерите од видео надзорот, на 17.04.2020 околу 23 часот, преку имот којшто граничи со маркетот, влегле во задниот дел од објектот, по што А.Ј. ја скршил камерата за видео надзор и го деактивирал сензорот за аларм во маркетот.

Откако А.Б. и А.Ј. влегле внатре во маркетот, ги скршиле сите камери за надзор, го одзеле сефот со пари од дневен промет, како и поголема количина на цигари, парфеми, кремови, лосиони и алкохолни пијалаци. После тоа, во возило на третопријавениот И.Г. го товариле предметите и заминале.
По преземени мерки од Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров – Одделението за криминалистички работи, по насоки и во содејство со ОЈО Скопје, било утврдено дека А.Б., А.Ј. и И.Г. го испланирале и го извршиле кривичното дело.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...