Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Трамп: Имам нешто што го НЕМААТ ПУТИН И СИ ЏИНПИНГ

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ниту Русија ниту Кина го немаат оружјето што го има Америка. Трамп одговори и на критиките за согласување со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп ги коментираше наводите од книгата на американскиот новинар Боб Вудворд, која се заснова на 18 ексклузивни интервјуа што Вудворд ги направил со Трамп. Според новинарот, Трамп во разговор со него изјавил дека САД развиле нов систем за нуклеарно оружје, што го немаат ниту Кина, ниту Русија. Затоа го критикуваат Трамп, вели дека тој открива тајни со ваквите изјави.

– Имаме одлично оружје. Зборувам за она што го направивме. Нашите вооружени сили се посилни од кога било. Потрошивме 2,5 трилиони долари за нив во последните 3,5 години. Сега имаме нови ракети. Се надевам дека никогаш нема да мора да ги користиме, но нашето нуклеарно оружје е во најдобра состојба во последните неколку децении, рече американскиот претседател.

Тој додаде дека САД имаат некои неверојатни системи за кои никој не знае и подобро е да остане така.

– Знаете, реков: имаме системи, ракети, армија. Имаме системи какви што никогаш порано не сте виделе! Кинескиот претседател Си Џипинг нема ништо заедничко со Путин. Никој го нема она што го имаме, рече Трамп обраќајќи им се на поддржувачите во Мичиген.

Претседателот исто така изјави дека оние кои тврдат дека тој открива тајни со ваквите изјави се „болни“.

– Само сакам да кажам дека американските вооружени сили се најмоќни, рече американскиот претседател.

Трамп исто така рече дека не се фер критиките за неговиот „договор“ со Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и другите лидери.

– Се согласувам со Путин – ужас! Не, тоа е добро ако можам да се согласам со него, тоа е добро! Тој ми се допаѓа, јас му се допаѓам Тој се согласува со Ким Џонг Ун, тоа е ужасно! Не, тоа е добро, јас се обидувам да ги убедам. Тоа е нормално. Нормално е да не започне војна, рече Трамп.

Како што рече, тој е критикуван и затоа што се договорил со кинескиот претседател Си Џинпинг и јапонскиот доскорешен премиер Шинзо Абе.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...