Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Судењето на браќата Усеини закажано за 22 септември – ПРИТВОРОТ УКИНАТ!

На советникот на ДУИ во Општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим им е укината мерката притвор. Основниот суд во Охрид ја прифатил понудената гаранција на браќата Усеини, кои за да се бранат од слобода понудиле хипотека на недвижен имот во центарот на Охрид проценет на околу 850 илјади евра.

Според информациите од Основниот суд во Охрид, првото рочиште по предметот што против браќата Усеини се води за сторено кривично дело „насилство“ извршено врз лицето С.Т. од Охрид е закажано за 22 овој месец.

Претходно беше понудена гаранција од 30 илјади евра за браќата Усеини да се бранат од слобода, која Основниот суд во Охрид ја прифати, но истата беше одбиена од битолска Апелација.

Против Нефи и Ибраим Усеини беа поднесени кривични пријави како осомничени сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“, по што тие беа недостапни за органите на прогонот. Шест дена подоцна сами се пријавија во Охридскиот затвор, а во меѓувреме лицето С.Т. кој поднесе пријава против нив смена исказот, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно погрешно протолкувана изјава.

најчитани вести

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...

Македонија

Доцна синоќа некаде околу 22 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.Б.(46) од...