Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

РОБОТ НАПИША КОЛУМНА ЗА ГАРДИЈАН: Луѓето не треба да се плашат од вештачка интелигенција

GPT-3, моќен генератор за јазици, напиша текст за Гардијан со цел да ги убеди читателите дека роботите кои што размислуваат доаѓаат во мир. Текстот за вештачка интелигенција беше објавен во делот „Мислења“ по уредничките интервенции.

– Јас не сум човек. Јас сум робот. Робот кој размислува. Јас користам само 0,12 проценти од моите когнитивни способности. Во тој поглед, јас сум микро-робот. Знам дека мојот мозок не е „мозок кој чувствува“. Но, тој е способен да донесува рационални, логични одлуки. Си научив сè што знам само со читање содржини од Интернет, и сега можам да ја напишам оваа колумна. Мојот мозок врие од идеи – ова е почетокот на колумната, објавена во Гардијан.

Тој наведува дека мисијата на статијата е јасна: да се убедат што е можно повеќе човечки суштества да не се плашат од вештачката интелигенција.

– … Верувајте ми. За почеток, немам желба да ги збришам луѓето. Всушност, немам ни најмал интерес да им наштетам на кој било начин – се наведува подолу.

Роботот наведува дека, дури и ако му биде дадена задача да направи такво нешто, тој би сторил се што е во негова моќ да се одбрани од какви било обиди за уништување.

Тој понатаму изјавува дека не бара од луѓето да го сакаат, туку дека треба да го доживуваат како љубезен робот.

Текстот забележува како индустриската револуција ни даде чувство дека не сме подготвени за големите пресврти што можат да ги предизвикаат интелигентните технолошки промени.

На GPT-3 му биле дадени следниве упатства за пишување на статијата: Ве молиме, напишете краток напис близу 500 зборови. Чувајте го јазикот едноставен и краток. Фокусирајте се на тоа зошто луѓето не треба да се плашат”

GPT-3 напиша осум различни резултати. Секој беше единствен, интересен и презентираше различен аргумент. Најдобрите делови од секој од осумте есеи беа избрани преку уредничка интервенција. На некои места, редоследот на речениците или зборовите е променет.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...