Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Реал Мадрид годинава ќе „мирува“ на трансфер пазарот, а за 2021 година има три цели

Реал Мадрид се чини нема да претрпи големи измени во составот за следната сезона. Засега кралскиот клуб ги пушти само Хакими и Диаз, а речиси и да не зема ништо во своите редови.

Пандемијата од коронавирусот „удри“ и по најдобрите, па така „кралевите“ се задоволни од она што го имаат на располагање. Затоа оваа година ќе „одморат“ од пазарење на звучни имиња. Затоа, пак, следната година имаат три цели.

Тоа се Едуард Камавинга, фудбалерот од средниот ред на Рен, потоа стоперот на Лајпциг Дајот Упамекано, и секако најзвучното име од сите овие, оној кој веќе неколку години се споменува за нов играч на „кралевите“ – Килијан Мбапе.

Тројцата би требало идната година да се преселат во таборот на Реал. Камавинга да дојде како замена за Модриќ, Мбапе за Бензема, а пак, Упамекано треба да биде засилување во конкуренцијата на стоперските позиции каде што покрај Рамос, се уште и Начо, Варан и Милитао.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.

Спорт

Вардар е во големото финале на СЕХА – лигата!!! Oткако многумина ги прежалија, Ристовски е јунакот на Вардар, кој одбрани неколку супер топки и...