Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

МЕДЕНАТА АТИЏЕ има проблеми со комшијата: Луѓе помогнете ми, се плашам за својот живот

– Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако, многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам, вака низ солзи по телефон за mms.mk рече хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова, која со години има проблем со соседот, кој со семејството, исто така, се појавува во документарецот.

Неколку пати досега низ разговор Атиџе раскажала дека има проблеми со него, но поради неговите деца не сакала конкретно ништо да преземе. Но, овој пат, како што вели веќе не може да издржи бидејки се плаши за сопствениот живот и мора да ја каже маката сега, додека не е предоцна.

– Јас сум во Бекирлија, заедно со брат ми, кој е болен, и само соседот е тука. Нема никој друг. Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејки ми е страв од него. Колку е постар толку е поневозможно веќе да се комуницира со него. Сите викаат не е нормален, ама не може тоа така. Ми го бутна ѕидот кај што ја чувам кравата, за да ми избега. Па ако избега кравата јас со кои пари после пак ќе купам крава. Му реков зошто го правиш ова, а тој кога скокна накај мене да ми се дере, јас се уплашив многу. Еден ден ќе ме убие и никому ништо. Се јавив во полиција во Свети Николе и тие ми викаат дојди тука. Абе како да дојдам, тие ме прашуваат ли мене дали имам пари да отидам од Бекирлија до таму. И уште знаеш што ми рече полицајката: Вие сте Турци, како брат и сестра,ќе се смирите. Ако така ми вика како јас да објаснам дека ми е страв од него, дека не е прв пат. Сум го пријавувала досега многу пати но, полицијата ќе дојде, ќе го опомене и толку. Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне, бидејќи не се живее веќе вака. Луѓе ми викаат остави го не е со сите. Епа ајде и јас да извадам документ дека не сум со сите и да ги малтретирам лугето. Од ден на ден се полош и полош, вели Атиџе низ солзи.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...