Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Ким Јонг-Ун е во добра здравствена состојба, НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, ги сопре шпекулациите во светските медиуми кои известуваа за наводно влошеното здравје за претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.

Трамп на Твитер напиша статус за севернокорејскиот лидер, во кој побара од јавноста да не верува во шпекулациите дека е болен или починат.

„Ким Џонг-Ун е во добра здравствена состојба. Никогаш не го потценувајте! – напиша Трамп.

Кога изминатата пролет севернокорејскиот лидер ја пропушти прославата на Денот на сонцето, со која се слави раѓањето на државата и на неговиот дедо, бројни медиуми шпекулираа за неговото здравје. Повикувајќи се на кинески и јужнокорејски извори, медиумите шпекулираа дека тој е сериозно болен и закрепнува од операција на срцето. Но, тој потоа се појави по дваесетина дена на отворање на фабрика.

На почетокот на овој месец, некои западни медиуми повторно објавија дека Ким Џонг-Ун е во кома, а се споменува дека и неговата сестра Ким Јо-Џонг исто така не е видена подолго време.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...