Заборавете на финансиските проблеми. Со овие народни обичаи се верува дека ќе ги привлечите парите кон себе, а и кон вашиот дом. Еве дел од нив:
1. Се верува дека сол и ориз во паричникот привлекуваат богатство и среќа. Ставете малку морска сол или ориз во мала најлонска кеса и ставете ја во паричник.
2. Се верува дека потковица над влезната врата носи пари и среќа

3. Ако ставите пари под килимот кај влезната врата, треба да изговорите: „Каде и да одам или се враќам, парите ќе ме најдат.
4. Месечината е синоним за многу верувања, кога станува збор за пари, месечината може да ви донесе ненадејна добивка на следниов начин: кога месечината е полна, излезете надвор, отворете го паричникот и кажете девет пати: „Месечино, наполни го мојот паричник!“.
Сепак имајте во предвид дека ова се народни верувања кои ги практикувал дел од народот низ минатото, а не е докажано дали навистина носат пари и среќа. Но ништо не губите доколку се обидете
