Во последните 24 часа во Грција се откриени 372 нови случаи на ковид-19 и евидентирани четири смртни случаи.
Поради пораст на бројот на новозаразени во четири региони на север на Грција ќе бидат воведени остри вонредни мерки, најавила денеска Националната организација за јавно здравје.
Во последните 24 часа во Грција откриени се 372 нови случаи ковид-19 и евидентирани четири смртни случаи. Од почеток на пандемијата во Грција, ковид-19 потврден е кај 12.452 чуѓе, а починале 297 луѓе, воглавно постари луѓе.
Заменикот на министерство за цивилна заштита и управување со кризна ситуација Никос Хардалијас наредил денес дополнително заострување и рестриктивни мерки во регионите Пела, Пијерија, Иматија и Килкис на север на земјата.
Новите заострени мерки стапуваат во сила утре и ќе траат 14 дена, до 25 септември, соопштено од грчкото министерство за цивилна заштита и управување со кризни ситуации