Германците повеќе се плашат од политиката на американскиот претседател Доналд Трамп отколку од коронавирусот, кој ја уништи најголемата европска економија, покажа најновото истражување..
Истражувањето за најголемите стравови во животот на Германците, спроведено од R&V во јуни и јули, покажува дека 53 проценти од испитаниците стравуваат дека политиката на Трамп може да го направи светот поопасен, пренесува Ројтерс.
На второ и трето место се зголемувањето на трошоците за живот, економската состојба и трошоците на даночните обврзници во ЕУ, додека околу една третина од испитаниците изјавија дека се загрижени дека тие или некој што го познаваат добро ќе заболат од вирусот „ковид-19“.
Истражувањето не вклучува кој аспект на политиката на Трамп најмногу ги загрижува Германците, но политикологот Манфред Шмит смета дека тоа е негова надворешна политика.
– Делумно трговска војна со Кина и можна политика против сојузниците како Германија. Исто така, неговото повлекување од меѓународната соработка и соочување со Иран – рече Шмит.
Во истражувањето учествувале околу 2.400 испитаници.