Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Абазовиќ му ја запечати судбината на Ѓукановиќ СЕГА ДОБИВА ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ

Дритан Абазовиќ, водачот на движењето УРА и човекот од кого зависеше формирањето на новата црногорска влада, е под полициски надзор, откако одлучи да оди со опозициските партии и да го симне од власт Мило Ѓукановиќ.

Според подгорички Вијести, минатиот викенд т.н. патриотски покрет кој протестираше во Подгорица стоеше пред куќата на Абазовиќ, полицијата го следи се додека не заврши безбедносната проценка.

По инцидентот, од Агенцијата за национална безбедност и Дирекцијата на полицијата беше побарано да ја проценат неговата безбедност, со образложение дека по изборите се кренале тензии и дека тоа треба да се направи што е можно побрзо за да се избегне опасност по неговата безбедност.

Како што е објаснето, тоа не значи дека добива полициска придружба, туку дека се следи од безбедносни причини.

Да потсетиме, претходните денови, Дритан Абазовиќ беше под голем притисок да го замени опозицискиот сојуз со поддршка за ДПС и нејзините коалициски партнери во претходната влада.

Притисоците продолжија откако лидерите на трите листи, Кривокапиќ, Бечиќ и Абазовиќ, ги презентираа принципите на идната влада и најавија формирање на „влада на спасот“ или експертска влада до крајот на октомври.

Поради тоа, Абазовиќ последните денови добива голем број пораки со навредлива содржина, а меѓу нив има и бројни закани.

Според локалните медиуми, заканите одат до тој степен, што луѓе му пишувале дека ќе биде заклан.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...