Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Трамп: Ким Џонг-Ун е во добра здравствена состојба, НИКОГАШ НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша статус за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, за кој во последно време често се шпекулираше дека е болен или починат.

  • Ким Џонг-Ун е во добра здравствена состојба. Никогаш не го потценувајте!, напиша Трамп на Твитер.

Кога изминатата пролет севернокорејскиот лидер ја пропушти прославата на Денот на сонцето, со која се слави раѓањето на државата и на неговиот дедо, бројни медиуми шпекулираа за неговото здравје. Повикувајќи се на кинески и јужнокорејски извори, медиумите шпекулираа дека тој е сериозно болен и закрепнува од операција на срцето. Но, тој потоа се појави по дваесетина дена на отворање на фабрика.

На почетокот на овој месец, некои западни медиуми објавија дека Ким Џонг-Ун е во кома, а се споменува дека и неговата сестра Ким Јо-Џонг исто така не е видена подолго време.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...