Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СОПСТВЕНИК НА ТАКСИ КОМПАНИЈА ИЗМАМЕН! Нема да ви се верува како го измамиле

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе
кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје и С.Ќ.(32) од Чучер – Сандево,
поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“.

Првопријавениот, во текот на февруари 2020, со лажно претставување го
довел во заблуда оштетениот Д.А. кој е сопственик и управител на
агенција за обезбедување и сопственик на такси компанијата така што преку телефонски повик се договорил со Д.А., да му обезбеди наводно
физичко обезбедување и такси превоз за две лица кои ќе патуваат до
хотел во Струга, како и такси превоз за пренесување на видео бим до
наведеното место за паричен износ од вкупно 11.500 денари. При тоа
првопријавениот, побарал од Д.А. дополнително преку возачот на
неговата такси компанија да му позајми и испрати уште 19.000 денари, за
да ги плати трошоците за видео бимот, за што Д.А. се согласил и преку
такси возач М.Ќ. на 12.02.2020 во Скопје, му ја дал бараната сума на пари
на второпријавениот.

Откако второпријавениот, ги зел парите и заминал,
на телефонскиот број на Д.А. му пристигнала порака од првопријавениот
дека патувањето до Струга било одложено. Имено, првопријавениот на
12.02.2020 со лажно претставување ги довел во заблуда и лице сопственик
на угостителски објект во с.Врапчиште,гостиварско, како и Д.М.,
декоратор на забави.

Првопријавениот, лажно договорил прослава во
наведениот угостителски објект додека пак со Д.М. договорил истата да
му испрати огномети до угостителскиот објект и да ја декорира забавата,
со што пријавените се стекнале со противправно имотна корист во износ
од 166.415 денари.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...