Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Савичевиќ: Партизан „ургираше“ јас и Панчев да одиме во војска

Дејан Савичевиќ е жива легенда на екс југословенскиот, Светскиот, а сега и на Црногорскиот фудбал. Популарниот „Гение“ никогаш немал влакна на јазикот и секогаш го кажувал она што го мисли.
Па така и овојпат, во неговото последно интервју дава интересен осврт на неговиот своевремено голем трансфер во Црвена Звезда и дали можело да биде поинаку.

„Во тоа време најдобрата понуда ја имав од Хајдук што се однесува до парите. Партизан не сакаше да дава пари „на рака“. Проблемот беше што овој клуб се „изгорел“ претходно со Милкo Ѓуровски, при неговиот трансфер од Звезда, кога добил милионска сума веднаш па се однесувал онака како што се однесувал потоа. Истиот проблем го имаше и Дарко Панчев. Се знае целата приказна околу него и неговата сопруга, која замина во Лондон и седеше таму речиси една недела, чекајќи ги парите од Партизан, кој никогаш не стигнаа. Потоа се свртевме и двајцата кон Црвена Звезда, која партиски правеше огромен притисок. Такви беа времињата. За да на крајот, Партизан направи сериозен притисок и јас и Панчев заминавме во војска. Тоа беше така и никако поинаку. На „ургенција“ на Партизан заминавме во војска, а за да не биде срамот толкав повикаа уште неколку момци па заедно ја направивме спортската чета“ – вели Савичевиќ па поентира.

„Да заминевме јас и Панчев во Партизан којзнае што ќе се случеше. Можеби и немаше да направиме такви кариери, а пехарот од купот на Шампионите сигурно немаше да го видиме“ – вели популарниот Дејо.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...