Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Рекорден број на новозаразени во Израел, ВЛАДАТА РАЗМИСЛУВА ЗА ЦЕЛОСЕН КАРАНТИН ЕДЕН МЕСЕЦ

Владата на Израел сериозно размислува за повторно воведување на карантин во целата земја, а причината за тоа е фактот што властите неуспешно се борат со наглото зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот.

Министерството за здравство вчера соопшти за 3 904 нови заразени, со што беше соборен дневниот рекорд на бројот на новозаразени. Вкупниот број на заразени достигна 142 582. Пријавени се и единаесет смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 во Израел се искачи на 1 054.

Завчера почнаа да се затвораат училишта и се воведе полициски час во 40 области со најголем број на новозаразени.

Но, здравствените власти сега препорачуваат едномесечен карантин на ниво на цела земја.

Израелските медиуми јавуваат дека карантинот може да почне уште денеска, еден ден пред еврејската Нова Година – Рош Хашана. Тоа би вклучувало затворање на училишта, ресторани, трговски центри, пазари и концертни сали и слични масовни настани.

најчитани вести

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...

Македонија

Откако гласноговорникот на антинато движењето во Македонија и еден од фронтмените на “Бојкотирам”, Љупчо Палевски повика војната на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да...

Македонија

Еден од ретките кои што профитираа од инцидентите на 27 Април, а веројатно и единствен во ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски. После немилиот настан следуваа...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...