Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ДРЖАВИТЕ БАРА СЗО во борбата со коронавирусот

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска ги повика државите да обезбедат средства за забрзување на производството на средства што можат да помогнат во запирање на пандемијата на коронавирусот.

Програмата на СЗО „АКТ-акцелератор“ веќе поддржува истражувања за потенцијални вакцини, лекови и дијагностика, изјави директорот на СЗО на онлајн конференцијата, пренесен од британските медиуми.

Меѓутоа, треба побрзо да ги засилиме клиничките истражувања, производството, лиценцирањето и регулаторниот капацитет, за овие производи да можат да допрат до луѓето и да почнат да спасуваат животи, рече Тедрос.

Досега Русија се пофали дека има вакцина која СЗО и западните земји засега сметаат дека не е безбедна, а во меѓувреме беше запрено истражувањето на најнадежната европска вакцина на Астра Зенека, откако се појавија несакани ефекти при тестирањето кај пациент.

Според податоците на интернет страницата Worldometers, бројот на луѓе кои досега починале од последици од Ковид-19 во светот надмина 900.000.

Од вкупно 27.681.757 луѓе кај кои е потврден коронавирусот, досега починале 900.004 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, излекувани се 19.733.597 лица.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...