Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски молчи за наводите за можна злоупотреба на пари од буџетот за изборите, реагираат од иницијативата за вонреден конгрес

Во врска со вчерашниот натпис кој го објави медиа.мк, а се однесуваше на префрлање буџетски пари наменети за политичко рекламирање на портали со мала читаност и со газди кои се во блиска релација со раководство на Вмро Дпмне, денес со реакција се јавија од иницијативата за свикување на вонреден конгрес во Вмро Дпмне, Ви ја пренесуваме во целост:

Иницијативниот одбор за одржување на вонреден конгрес е изненаден од молкот на сеуште актуелниот Претседател Христијан Мицкоски во врска со вчерашните написи за можна злоупотреба на буџетски средства во изборната кампања.

Прво, станува збор за пари кои ги двојат граѓаните и секоја злоупотреба на овие средства е тешко кривично дело. Згора на тоа, срамно е за опозициска партија која бара транспарентност и неселективна борба против криминалот да ги премолчи овие наводи и да не реагира на сомнежите.

Второ, станува збор за средства кои во време на тешка корона криза се одвоени за соодветно медиумско претставување на ВМРО-ДПМНЕ. Секое нивно ненаменско трошење значи глас помалку и полош изборен резултат. Затоа раководството му должи образложенија и одговори на членството кое чесно работеше на овие избори.

Мицкоски е чесно да објасни дали се точни наводите дека десетици илјади евра се префрлени на порталите 
 lady.mk, srekja.mk, gradina.mk, indigo.mk, visitskopje.mk, ekran.mk, biznisvesti.mk    ?

Колку пати Мицкоски ги има отворено овие портали и зошто токму таму се рекламирало ВМРО-ДПМНЕ ?

Среќен ли е Мицкоски од ефектот кој го имала рекламата на srekja.mk ?

Дали се точни наводите дека десетици илјади евра, пари на граѓаните се давани на портали кои се формирани пред изборите во 2020 година ?

Законот за избори предвидува државата да ја финансира изборната кампања на партиите во делот на електронските и печатените медиуми, вклучувајќи ги и интернет порталите.

Тоа се пари кои ги двојат граѓаните. Институциите се должни да проверат дали навистина биле објавувани реклами и дали тие реклами навистина толку чинеле. Во спротивно се работи за класичен грабеж.

Партиското членство мора да знае кој и зошто одлучил таму да одат парите кои државата ги двои за ВМРО-ДПМНЕ. Дали личните интереси биле над партискиот интерес за победа на изборите ?

Овој скандал мириса на корона-профитерство. Доколку не биде аргументирано објаснет ќе го разоткрие во јавност целото лицемерие на актуелното раководство.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...