Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Клоп: Дел од клубовите се сопственост на држави и олигарси, но ние сме различни

Пред стартот на новиот шампионат во Премиер лигата, стратегот на Ливерпул Јирген Клоп уште еднаш по којзнае кој пат покажа колку клубот му е важен и колку има потреба во секоја прилика да го одбрани во јавноста.

Ливерпул како бранител на титулата секако дека е најголем фаворит во моментов да ја одбрани истата но, јавноста веќе ги проикламираше Челзи оносно Манчестер Сити како најголеми ривали.

Тоа на Клоп очигледно не многу му се допаѓа па на свој начин искоментира.

„Во моментов светот е во една специфична ситуација. Сепак, тоа на некои клубови односно сопственици тоа не им е јасно. Тоа се државни клубови односно клубови на олигарси. Ние од друга страна сме клуб кој стигна до две финалиња во Лигата на Шампионите едното го добивме. Освоивме титула во домашниот шампионат, и тоа на начин како што функционира Ливерпул долги години. Не можеме да кажеме ние сега, сакаме да бидеме како Челзи. Тие купуваат многу играчи кои прават разлика но во исто време, мора да функционираат како тим. Челзи има визија во која ги купува најдобрите единаесет играчи во светот и за една недела мисли дека тоа ќе профункционира на терен.Тоа е веројатно нашата предност. Ние долго време работиме заедно, компактно, ние сме екипа“  – вели Клоп.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...