Премиерот на Косово Авдулах Хоти изненади кога објави дека уште една земја ја признала независноста на Косово, пишуваат српски медиуми.
Хоти соопштил дека Израел го призна Косово практично 22 минути по потпишувањето на договорот во Белата куќа.
„Секој кој се сомнева дека овој договор го нарушува суверенитетот на државата Косово е греши.
Мислам дека ова признание, кое дојде од Израел 22 минути по потпишувањето на договорот во Белата куќа, само го зајакнува суверенитетот на државата Косово”, рече косовскиот премиер Авдулах Хоти.