Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

(ВИДЕО) Моторџии ја имаа најголемата корона-забава на светот: По неа имало 260.000 новозаразени?

Студија спроведена во Калифорнија проценува дека во месеците што следеле, забавата на моторџиите во Стургис, Јужна Дакота, довела до 260.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, пишува УСА Тудеј.

Научниците од Центарот за здравје, економија и политика на Универзитетот во Сан Диего објавија извештај на 63 страници.

Оваа проценка е значително поголема од бројот на случаи поврзани со моторџии пријавени од Здравствената канцеларија во Јужна Дакота и Асошиејтед прес.

Гувернерот на Јужна Дакота, Кристи Ноем, рече дека студијата е „измислена“ и ги критикуваше новинарите кои ја објавиле.

Целта на оваа нова студија беше да се утврди влијанието на „супер-ширечкиот“ настан врз ширењето на Ковид-19. Истата група спроведе слично истражување по некои други собири, како што се протестите на „Црните животи значат“ во јуни и митингот на Доналд Трамп во Тулса, Оклахома.

Користејќи податоци од мобилни оператори, научниците ги идентификувале областите од кои дошле многу учесници на спорниот собир и откриле нови случаи на инфекција пред и по самиот настан. Овие откритија, споредени со извештаите, доведуваат до заклучок дека мото-средбата на крај го чинела јавното здравство неверојатни 12,2 милијарди долари.

„Дури и ако Јужна Дакота имаше корист од мото- средбата, поголемиот дел од вкупните здравствени трошоци ги сноси остатокот од земјата“, рече Ендрју Фридсон, еден од четворицата автори на студијата.

Гувернерот Ноем ја бранеше одлуката да се одржи мото-средбата и повторно остро ја критикуваше студијата.

„Под маска на академско истражување, овој извештај не е ништо друго освен напад врз оние кои го искористија само своето лично право да го посетат Стургис“, рече Ноем во официјалното соопштение.

„Како што требаше да се предвиди, некои медиуми нашироко известуваа за оваа студија, која сè уште не е разгледана и се заснова на претпоставка што не ги одразува реалните факти и податоци што ги имаме тука во Јужна Дакота“.

Слична критика упатиле и некои водечки државни службеници за здравство.

Бројот на случаи на инфекција во оваа студија значително се разликува од бројот пријавен од Здравствената канцеларија во Јужна Дакота. Заклучно со вторникот, канцеларијата пријавила само 124 нови случаи меѓу оние што се вратиле од мото- митингот.

Асошиејтед прес минатата недела објави дека само 290 случаи од 12 држави биле поврзани со мото-забавата.

„Резултатите не се совпаѓаат со она што го знаеме за влијанието на групата“, рече епидемиологот на државата Јужна Дакота Џош Клејтон.

Ова несовпаѓање настанало затоа што Јужна Дакота дошла до бројот на заразени преку следење на контактите, додека научниците во новата студија имале поинаков пристап.

Наместо да обрнуваат внимание на контактите и да се обидат да ги идентификуваат луѓето кои ја имале оваа болест и да им ја пренесат на други, научниците од Сан Диего анализирале области од каде што најмногу луѓе доаѓале на собирот и промени во трендовите по самиот настан.

„Никогаш нема да можеме да ги преполовиме контактите на сите луѓе од Стургис“, рече Фридсон. „Па, ако сакате проценка направена со добра волја, во овој момент и со прифатени статистички техники, ова е најблискиот број што може да се постигне“.

Секретарот за здравство во Јужна Дакота, Ким Малсам-Рисдон, не се согласува со методологијата што се користела во оваа студија и ја доведува во прашање врската помеѓу податоците на мобилните оператори и случаите на инфекција. Таа и Клејтон истакнаа и дека студијата сè уште не е разгледана.

Проценката на трошоците за јавното здравство е земена од две одделни студии објавени од двајца економисти минатата недела. Според нив, цената на еден случај на инфекција со Ковид-19 е околу 46.000 американски долари, под претпоставка дека сите случаи на инфекција по митингот биле нефатални, односно дека никој не умрел. Ваквите пресметки доведуваат до вкупно 12,2 милијарди долари.

„Тоа е толкава сума што на секој учесник на средбата може да му се исплатат 462.182 доалри за воопшто да не дојде на митингот“, се вели во студијата.

Малсам-Рисдон вели дека не ги видела студиите на кои се темели оваа проценка, но предупреди дека не треба да се сопнуваме на такви тези, особено ако тие не можат да бидат потврдени од други фактички податоци.

Некои претходни студии за митингот во Тулса и на протестот „Црните животи значат“ не покажале значителен скок во бројот на позитивните страни, рече Фридсон, главно затоа што многу луѓе во тие области останаа дома за време на собирот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.