11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

По Родригез и Алан, Евертон купи уште еден фудбалер од средниот ред

Абдулаје Дукуре е третото засилување на Евертон во средниот ред за само четири дена. Овој француски интернационалец доаѓа од Вотфорд, а со клубот од „Гудисон парк“ потпиша тригодишен договор со опција да биде продолжен на уште една.

Инаку Дукуре беше цел на Евертон уште минатото лето кога тренер беше Марко Силва, но тогаш Вотфорд не сакаше да го продаде. Сега кога клубот е во Чемпионшип, се согласи да го продаде за да ги одржи стабилни финансиите. Сумата која Евертон ќе ја плати изнесува 20 милиони фунти.

Тој е третото засилување на Евертон во средниот ред после Алан од Наполи и Хамес Родригез од Реал Мадрид. Со тоа сумата која „карамелите“ ја платија за реконструкција на средниот ред изнесува 60 милиони фунти.

Клубот ова лето го напуштија Шнидерлин кој отиде во Ница, Стекеленбург кој отиде во Ајакс, а Ниасе, Гарбут, Куко Мартина заминаа како слободни играчи, а Лејтон Бејнс се пензионира.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести