14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Надал потврди дека ќе настапи во Рим

Вториот рекет на светот, Рафаел Надал, најави дека ќе настапи на Мастерсот во Рим. Ова ќе биде прв турнир за него во последните седум месеци.

Претходно, Шпанецот изјави дека може да ги прескокне сите натпреварувања до крајот на 2020 година.

– Форо Италико отсекогаш беше важно место за мене. Но, оваа година турнирот ќе биде од особено значење за мене затоа што ќе се вратам на натпреварувањето по долга пауза, рече Надал во обраќањето прикажано на презентацијата на натпреварувањето во Италија.

Мастерсот во Рим ќе се одржи следната седмица.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести