Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СЗО ГО ФАЛИ ШВЕДСКИОТ МОДЕЛ: Критиките од пролетта сега станаа пофалби

Најмал удел на позитивни случаи во рекордниот број испитаници од почетокот на пандемијата е забележан во Шведска минатата недела, кога коронавирусот беше потврден кај само 1,2 проценти од испитаните, објави Шведскиот институт за јавно здравје, додека бројот на заразени лица расте секојдневно во други земји низ Европа.

Шведска не воведе карантин, туку се фокусираше на лична одговорност на граѓаните, физичка дистанца и зголемена хигиена како средство за забавување на пандемијата, наместо да се обидува да го елиминира вирусот.

Отпрвин, стратегијата беше остро критикувана за споредбено поголемиот број смртни случаи, но во последно време, официјални лица на СЗО (Светска здравствена организација) ја пофалија шведската стратегија како одржлив модел.

– Целта на нашиот пристап е самите луѓе да ја разберат потребата да се придржуваат до препораките и упатствата што се на сила, рече Јохан Карлсон, директор на Шведската агенција за јавно здравје.

Додека многу земји ги менуваат правилата и ограничувањата, Карлсон наведува дека шведските упатства се создадени подолг временски период и така тие да бидат разбирливи.

– Нема други трикови пред да бидат достапни медицински мерки, пред се вакцини, рече Карлсон.

Повеќе од 5.800 луѓе починаа во Шведска, многу повеќе по глава на жител отколку во соседните нордиски земји, но помалку отколку, на пример, во Италија, Шпанија и Велика Британија.

Бројот на дневни смртни случаи, хоспитализирани и нови инфекции е мал, додека во земји како Шпанија и Франција, бројот на заразени е драматично зголемен по укинувањето на карантинот.

Минатата недела Шведска спроведе повеќе од 120.000 тестови за коронавирус, а нешто повеќе од 1.300 тестови беа позитивни, што е значително помалку од 19 проценти од позитивните тестови во некои пролетни недели.

Шведска сега има најниска стапка на инфекција на коронавирус во Скандинавија.

– Нашата стратегија е конзистентна и одржлива. Веројатно имаме помал ризик од ширење отколку во другите земји, рече Јонас Лудвигсон, професор по епидемиологија.

Тој додаде дека Шведска веројатно постигнала повисоко ниво на имунитет кај населението од повеќето земји. Мислам дека сега имаме многу корист од тоа, рече тој.

Сепак, шведскиот пристап има и критичари. Во едиторијалот во шведскиот весник Дагенс Нихетер се наведува дека сè поголем број приврзаници на шведската стратегија заборавиле на големиот број смртни случаи.

– Се чини дека некои бројки треба да се повторат. Во Шведска, 5.837 лица починаа од коронавирус, пет пати повеќе отколку во Данска, пишува весникот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...