Реал Мадрид веќе некое време бара начин и вистинска формула како да се ослободи од Герет Бејл, а се чини конечно го најде.
„Кралевите“ се обидуваа да го раскинат договорот со него и да ја прекинат низата која трае седум години, но поради високата плата Бејл одби.
„Марка“ пишува Реал Мадрид е подготвен да го пушти како слободен играч, и воедно со новиот тим да го делат трошокот за плата.
Зинедин Зидан не смета на 31-годишниот фудбалер во новата сезона во која доколку остане ќе биде или на клупата или на трибините.
Реал во моментов бара нова дестинација за Бејл, најмногу интерес за неговите услуги покажуваат Тотенхем и Манчестер Јунајтед.