7 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

После Брегзит, ВРЕМЕ Е ЗА ФРЕГЗИТ?! (ВИДЕО)

Чарлс-Анри Галоа започна нова кампања, инспирирана од партијата Брегзит и гласање за напуштање на ЕУ. Тој сака Франција да ја врати контролата и да ја напушти ЕУ преку референдум.

Во својата кампања за Фрегзит, тој ги користи боите симболите кои се користеа за време на Брегзит.

Во ексклузивно интервју за Express.co.uk, истакнатиот француски евроскептик рече: „За мене, британската кампања за Брегзит беше неверојатна. Тоа беше војна за европските нации да ја преземат контролата“

На прашањето дали ќе биде повикан Најџел Фараж да му помогне во неговата крстоносна војна, Галоа тврди дека постои можност да се формира коалиција со лидерот на партијата Брегзит “.

– Јас сум добар пријател со Александра Филипс, поранешна членка на Европскиот парламент. Го запознав Најџел Фараж и бев со него во Лондон на прославата за Брегзит на 31 јануари. Мислам дека тој ќе помогне. Ќе станеме нова реалност во Европа. Ја постигнавме европската соработка пред ЕУ и ќе го сториме тоа потоа., вели тој.

Според него идејата е да се покаже дека постои друга Европа.

Слично на него, минатиот месец, италијанскиот сенатор Џанлуиџи Парагоне основаше нова партија наречена Италегзит.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести