Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Пендаровски нема да поддржи укинување на техничката влада

Претседателот Стево Пендаровски нема да поддржи еднострано укинување на техничката влада, без согласност на опозицијата. Според него, за да се промени моделот по кој се одржуваат парламентарните избори во последните два циклуса, мора да има општ политички консензус, во духот на европските практики, а тој не би се осмелил на унилатерално бришење на техничката влада.

Како што пишува „Слободен печат“, оваа тема се наметна по договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за владина коалиција, кога лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека со лидерот на ДУИ Али Ахмети се договориле да се укине пржинската влада. Тој договор потоа се најде и во владината програма за работа за периодот 2020-2024 година, каде што е наведено дека „Владата ќе предложи укинување на т.н. пржинска влада, која покажа бројни слабости, го блокираше еден дел од државниот апарат во период на најголема светска криза и беше злоупотребен“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш се изјасни дека е против, затоа што нема доверба дека СДСМ е подготвена да организира фер избори и затоа што тоа не смее да се менува без консултација со опозицијата и со меѓународниот фактор, кој беше гарант на тој модел.

Во духот на европските практики, претседателот Пендаровски се залага за постоење консензус меѓу власта и опозицијата за измени на изборното законодавство, како и одредбите за т.н. техничка влада. Долгорочна препорака на ОБСЕ/ОДИХР е каква било измена на изборното законодавство да се врши најмалку шест месеци пред изборите и да биде донесена со консензус помеѓу власта и опозицијата, со цел сите учесници да имаат доверба во изборниот процес.Специјалната изборна оценувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, која ги набљудуваше предвремените парламентарни избори на 15 јули, ја наведе оваа препорака во својот прелиминарен извештај. Истата препорака беше потврдена и на средбата што претседателот Пендаровски ја имаше со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која – одговораат од Кабинетот на Пендаровски, за „Слободен печат“.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...