Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

МТСП: Старатели можат да отворат сметка во друга банка за немоќни лица кои претходно имале во „Еуростандард банка“

Exif_JPEG_420

Надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, (корисници на надомест за помош и нега од друго лице, надомест заради попреченост, стари и немоќни лица кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси), а имале трансакциска сметка во „Еуростандард Банка“ АД Скопје, информираат од Министерството за труд и социјална политика. За овие лица, кои во рокот не биле во можност да отворат сметка во нова банка, ќе има нови датуми за исплата.

За отворање нова трансакциска сметка во друга банка, близок сродник или лице кое се грижи за корисникот може да поднесе барање за назначување на старател за посебен случај до центарот за социјална работа. Кон барањето се треба да бидат доставени и копија на Извод од матична книга на родените, за корисникот, копија на Извод од матична книга на родените, за лицето кое се назначува за старател за посебен случај, лични карти на увид (за корисникот и лицето кое се поставува за старател за посебен случај), медицинска документација за корисникот, како и лекарска потврда за психофизичка состојба од матичен лекар за лицето кое се назначува за старател за посебен случај.

Доколку подносителот на барањето нема копија од Извод од матична книга на родените и медицинска документација за корисникот, нив центарот за социјална работа ги обезбедува од досието на корисникот за оствареното право.

Од Министерството информираат дека ќе има дополнителна исплата на паричните права од социјална и детска заштита, за корисниците кои беа клиенти на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, а кои во дадениот рок 25 август не успеале да отворат нова трансакциска сметка во друга банка или да поврзат постоечка трансакциска сметка во друга банка заради исплата на паричните права, која се реализира овие денови.

На координативниот состанок со банките, МФ и НБРМ било договорено исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август 2020 година, да се врши и во дополнителни датуми на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година. 

најчитани вести

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...