Синиша Михајловиќ ја победи короната, и се врати во „погон“ во тимот на Болоња. Претходно некогашниот играч на Лацио и Интер ја победи и леукемијата. Тој сега направи споредба.
„После тоа искуство од јануари до јули минатата година и шестмесечната битка против леукемијата, и после три хемотерапии и трансплантација на коскена срж, борбата со коронавирусот беше „гола вода“, рече Михајловиќ кој потврди дека бил асимптоматски.
Михајловиќ напоменува дека се чувствувал нервозен поради тоа што не бил со екипата која минувала низ подготвителен период за новата сезона во Серија „А“.