Лидс Јунајтед е сериозно заинтересиран за германскиот фудбалер Џулијан Дракслер. Германецот нема голема улога во тимот на ПСЖ и би можел да ги напушти редовите на францускиот шампион. Лидс ќе се обиде да го искористи неговото незадоволство и да донесе уште едно големо засилување, по Родриго од Валенсија.
Офанзивниот играч за врска, кој игра и како крилен напаѓач, пристигна во ПСЖ во 2016 година од Волфсбург за 36 милиони евра.
Поранешниот играч на Шалке има договор со клубот до јуни 2021 година и најверојатно нема да го продолжи. Англиските медиуми тврдат дека Лидс е подготвен да издвои 20 милиони евра за негов потпис.