Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Ако Милан не може да плати, може шампионот – Донарума се сели во Јувентус!

Италијанските медиуми пренесуваат дека познатиот агент Мино Рајола му забива нож во грбот на Милан со тоа што ќе го изнесе својот клиент Џанлуиџи Донарума од „Сан Сиро“ и ќе го испрати во Јувентус.

Донарума не сака да го продолжи договорот со „росонерите“. Причината се финансиите. Тој бара неверојатни 10 милиони евра годишно! Ѕвездата на Милан моментално заработува 6.000.000 евра на годишно ниво, но за да потпише нов договор бара покачување од 4.000.000 евра што раководството на „росонерите“ одбило со образложение дека е премногу.

Но ако Милан не може да плати, има кој може. Тоа е италијанскиот шампион Јувентус. „Старата дама“ има потреба од квалитетен и млад голман, а парите за нив не се проблем. Па така се пишува дека идното лето Донарума ќе премине во Јувентус, а од трансферот Рајола ќе инкасира 15 милиони евра.

Ова не е првпат Донарума и Рајола да го „уценуваат“ Милан. Пред неколку години младиот голман беше пред заминување, но после неколку неделни натегања и преговори одлучено е Џиџио да остане на „Сан Сиро“.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...