Един Џеко е еден од оние играчи кои во изминатите години остави сериозен белег во дресот на тимот на Рома.
Тоа во таборот на „Волчицата“ очигледно дека и тоа како го ценат, па со изјава на извршниот директор Гвидо Фиенга решија да стават крај на сите шпекулации кои се вртат окоу евентуалниот трансфер на Босанецот летово.
„Џеко е многу вреден за Рома, направи многу за овој клуб, и се додека сака да биде дел од нас, вратата му е отворена“ – изјави Фиенга.
Понудата на Рома за Един Џеко и натаму да биде дел од овој клуб е вредна седум милиони евра по сезона, со верност до 2023 година. Италијанските медиуми го потврдуваат ова како и сеуште големата заинтересираност на тимот на Јуве за услугите за искусниот напаѓач. Реално сите се веќе и повеќе од сигурни дека Џеко ќе ја финишира својата кариера во Рим.