Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Со години чекала деца, а КОГА ГИ ДОБИЛА МАЖОТ ЈА ОСТАВИЛ СО 3 ДЕЦА ВО 10 КВАДРАТИ

Георгина Тешановиќ (34) од Јелава кај Лозница, пред 14 месец после долга борба успеа да роди 3 момчиња, но таа е останата сама со нив во просторија од 10 квадратни метри.

Никола, Матеја и Михаило, иако здрави и среќни, ги прават своите први чекори во единствената просторија која е полна со влага.

– Во оваа една просторија, која е наменета за кујна, ние ги дочекуваме  летото, зимата и пролетта. Јадеме и спиеме тука. Имаме уште три соби покрај оваа, но тие не се во добра состојба, бидејќи покривот ни протекува, а ѕидот и малтерот почнаа да паѓаат, рече Георгина Тешановиќ од Јелава.

После смртта на нејзината мајка и татко, таа со години се грижела за своите две помлади сестри, заработувајќи за живот и за себе  за нив.

После породувањето ја оставил и нејзиниот сопруг, и таа оттогаш сама се грижи за бебињата, со единствен приход од социјална помош. Тоа, вели таа, е доволно за нејзините основни животни потреби – храна и пелени, но не и за прилагодување на куќата и дрва за зимата.

– Зимата ја пречекаме во оваа просторија каде што столаријата е многу лоша, прозорците се во многу лоша состојба, во зима тука е многу ладно, шпоретот не може да достигне доволно за да загрее. Бебињата се во фаза на проодување, сакаат повеќе простор да ползат, да се движат. Овде не е можно, не е ни најмалку лесно, објаснува Тешановиќ.

Ако не беше сама со бебињата, Георгина, вели таа, дека нема да пребира работа, бидејќи уште како дете научила да се грижи за себе и за другите. Дополнителен проблем за неа е што поради нерешени имотно-правни односи, таа би можела да ја напушти куќата во која сега живее.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...