Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

НАМЕСТО ДА БИДЕ ПРЕМИЕР, Зибери го канат во министерство и евроатланската перспектива

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска се сретна со кандидатот за премиер во изборната кампања на ДУИ, Насер Зибери.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, Зибери му го честитал назначувањето на новата функција и посочил дека е отворен за соработка и го става на располагање своето знаење во насока на функционирање на новото Министерство и евроатланската перспектива на земјава.

Вицепремиерот Груби му се заблагодарил на Зибери за поддршката и го поканил да стане активен дел од структуирањето.

Груби за време на оваа средба исто така рече дека секое искуство произлезено од интелектуалец како што е г. Зибери е добредојдено кога се знае дека тој беше главниот лик кој за време на последните парламентарни избори докажа дека еднаквоста во Република Северна Македонија не повредува никого, туку напротив помага да се создаде здрава демократија што и е потребна на земјата за да стане членка на Европската унија, се наведува во соопштението.

Соговорниците се согласиле дека договорот за оваа владина коалиција е значајна и истовремено претставува факторизација на Албанците во Владата за време на овој четиригодишен мандат.

Организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби на 19-ти минатиот месец  изјави дека имаат многу добри планови за Насер Зибери, но не откри дали токму тој ќе биде првиот премиер Албанец последните 100 дена од владата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...