Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски: Да ни е жива и долговечна европска Македонија! (видео)

Интегрален текст од честитката на Христијан Мицкоски:

Почитувани граѓани,
Драги пријатели,
Денес се одбележуваат 29 години независност, 29 години на искушенија, подеми и падови.

Почетоците на независноста се неминовно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и активната улога која ја имаше партијата во градењето на државата, Република Македонија.
Таа генерација сложно се избори за независна држава, со свои институции, огромен елан за подобар живот.

А денес главното прашање е дали ние како генерација ја оправдавме нивната борба. Одговорот во голема мера е НЕ.
Не ги исполнуваме целите за кои тие се бореа, затоа што имаме држава со слаби институции, земја потопена со криминал и корупција, намачен и сиромашен народ. Мафија, мафија која управува со државата и сака да управува со животите на луѓето.

Нашата генерација е тука и чекаме нова шанса. Македонија не успева затоа што на народот му треба пресвртница која ќе ги направи заедничките животи подобри и поуспешни. После 29 години зборуваме за истите цели како во времето кога се создаваше државата. Европска Унија, силна економија, сигурност итн. Тоа покажува дека тоа се вистинските вредности кон кои се стремиме, но фактот што не сме ги исполниле до сега покажува дека властите не успеваа во својата мисија. Во нашата татковина не има секакви, од повеќе етнички припадности и вери. Но, не обединува заедничката мисла за подобар живот, за среќа и успешност која ја нема нашата земја.

Затоа ни се потребни промени кон подобро, а за тоа треба работа и ангажман на секој еден од нас и да разбереме дека секој е создавач на својата судбина и среќа. Од нас зависи се.
Затоа мора заеднички да се избориме, да немаме богата влада а сиромашен народ, влада која има удобства а народ кој живее на вересија.

Македонија мора да успее и има енергија за пресврт кој ќе донесе исполнување на нашите идеали. А идеалите го дефинираат нашето постоење а Македонија мора да успее и нема опција за друго. Мафија или Македонија.
Да веруваме во себе, да веруваме во Македонија.

Честит празник татковино, да ни е жива и долговечна европска Македонија.
Да се избориме за заедничката среќа.

Почитувани граѓани, Драги пријатели,Денес се одбележуваат 29 години независност, 29 години на искушенија, подеми и…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Dienstag, 8. September 2020

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...