Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Иринеј: СПЦ ќе прифати само договор во кој КОСОВО Е ВО СОСТАВ НА СРБИЈА

Единствениот договор што Српската православна црква (СПЦ) го прифаќа е само оној во кој Косово е дел од Србија, изјави патријархот на Српската православна црква Иринеј за порталот Нова.рс.

– Тоа е апсолутно позицијата на Црквата и ништо не се смени таму. Ние сепак ќе видиме во кој правец ќе се одвиваат преговорите меѓу српската и албанската страна, ние сè уште ја запознаваме работата, рече патријархот Иринеј, коментирајќи ги преговорите од претходните денови  меѓу Белград и Приштина.

Патријархот истакна дека доколку има покана Српската православна црква ќе се приклучи на преговорите за Косово.

– Ако некој не покани и ни даде шанса, ние ќе се вклучиме во разговорите за Косово. Во спротивно, сигурно ќе го следиме напредокот на преговарачкиот процес, рече Иринеј.

Според него, претставниците на Српската православна црква чекаат да слушнат како гласи оригиналниот договор, а тој лично, како и Црквата, ја поддржува идејата за нормализирање на односите меѓу Албанците и Србите.

– Тоа би било нормално. Неопходно е да се воспостават добри односи меѓу тие два народа, рече патријархот Иринеј.

Во изминатата недела се интензивираа разговорите меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите.

Првата рунда на разговори се одржа во Вашингтон, каде српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, на 4 септември го парафираа документот за подобрување на економските односи, што го потпиша и американскиот претседател Доналд Трамп.

После тоа, на 7 септември следеа разговори во Брисел, во кои, покрај Вучиќ и Хоти учествуваа и  високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак .

По трилатералата  со претставниците на ЕУ во Брисел, Вучиќ и Хоти потврдија дека отвориле теми за Унијата на општини со српско мнозинство, финансиски побарувања и имотите. Тие рекоа дека имаат усогласени ставови за исчезнатите, раселените и економската соработка.

Следниот состанок во Брисел е закажан за 28 септември.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...