Играчот за врска на Рома, односно Италијанската репрезентација Николо Заниоло по втор пат во само една година ги скина вкрстените лигаменти на коленото овојпат на другата нога. Одличниот креативец нема среќа со оваа повреда, и вчера на мечот против Холандија во еден дуел падна како покосен и веднаш беше јасно дека е нешто сериозно во прашање.
Заниоло се очекува да паузира минимум до фебруари, а само што се врати од повредата и заигра на нивото кое се очекува од така талентиран и квалитетен фудбалер.