Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Британската влада го повикала рускиот амбасадор поради труењето на Навални

Британското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор за да изрази „длабока загриженост“ за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави денеска германската агенција ДПА.

„Британската влада изрази длабока загриженост до руската влада во врска со труењето на Алексеј Навални со хемиски гас од групата Новичок“, се вели во соопштението.

Министерот за надворешни работи јасно стави до знаење дека употребата на забрането хемиско оружје е неприфатливо и дека повторно е извршено насилство врз водечка руска опозициска фигура, се вели во соопштението.

Навални, еден од најжестоките критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше пренесен во кома во Германија на 22 август, два дена откако се разболе на домашен лет.

Германија соопшти дека има „недвосмислени“ докази дека е жртва на напад со нервен гас. Руската влада негира вмешаност во труењето, кое ги влоши односите меѓу Москва и Берлин.

Вчера, германската болница во која беше пренесен Навални објави дека се разбудил од индуцирана кома и бил на апарати за дишење.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека случајот е еднаков на нападот извршен против правилата на меѓународниот правен систем и ја повика Москва да спроведе „целосна и транспарентна кривична истрага“ за труењето.

Во март 2018 година, поранешниот советски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервен гас Новичок во британскиот град Солсбери, во напад што едвај го преживеале.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...