Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ЌЕ ТЕ УБИЈАТ, ТИ ТРЕБА БЛИНДИРАНО ВОЗИЛО – Улемек предвидел дека нешто му се спрема на Аркан

Еден од најмоќните луѓе во Србија од крајот на 20 век, Жељко Ражнатовиќ Аркан, беше убиен во хотелот „Интерконтинентал“ на 15 јануари 2000 година.

Поранешниот водач на навивачите на Црвена ѕвезда стана командант на паравоената формација „Арканови тигри“, кои вршеа воени операции за време на војните во 90-тите во Хрватска и Босна и Херцеговина.

Меѓу доверливите луѓе на Аркан беше Михајло Улемек, кому Ражнатовиќ му даде чин на полковник. Иако, неговиот „внук“ Милорад Улемек Легија е многу попознат меѓу луѓето.

Михајло и Жељко беа во искрени пријателски односи, а квалификуваниот возач и земјоделец од Стара Пазова можеше лично да му каже многу работи на моќниот Аркан и тоа без двоумење.

Во емисијата „Без двоумење“, Улемек еднаш рече дека го предвидел убиството на Ражнатовиќ за време на неговата најголема моќ во Белград.

– Нема кому не помагаше. Тој не знаеше дека ќе биде убиен. Во една прилика, го прилагодив неговото возило, тој влезе, а јас му реков: “Не е дотерано како за тебе. Тебе ти треба блиндирано возило. Не можеш ти во овој Белград да возиш така …” започна Улемек а потоа го цитираше Аркан:

– „Ова е мој град, овој град ме сака“.

Улемек возвратил дека овој град не го сакал Аркан и му објаснил и зошто.

– Тие само ти се пикуваат, , затоа што тие знаат каков си. Води сметка, овој град може да те убие. Како баба Ванѓа, како да знаев, го убија среде Белград. Тој беше убиен од Белград во кој веруваше. Белград не го сакаше. Белграѓани  завидуваа на неговата храброст, дека тој беше фаца, мангуп… Градот Белград му дојде на главата, изјави  Улемек

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...