Директорот на француската фармацевтска компанија Санофи, Оливие Богио, изјави дека цената на нивната идна вакцина треба да биде помала од 10 евра по доза.
– Цената не е конечно поставена, проценуваме повеќе трошоци за производство, но веруваме дека ќе биде помалку од 10 евра – рече Богио.
Запрашан за цената на ривалската компанија Астра Зенека, која се очекува да биде околу 2,5 евра во Европа, тој рече дека разликата е во тоа што Санофи ги користи своите внатрешни ресурси, своите истражувачи, истражувачки центри, додека Астра Зенека изместува делови од производството.
На почетокот на оваа недела, Санофи и британските Глаксо, Смит и Клајн објавија дека започнале клинички испитувања на нивниот кандидат за вакцина против ковид-19 заснована на протеини и дека треба да ја достигнат последната фаза на тестирање во декември.
Доколку резултатите се задоволителни, Санофи и ГСК се надеваат дека вакцината може да биде одобрена за употреба во првата половина на 2021 година.