8.8 C
Skopje
понеделник, декември 5, 2022

СРЕДЕ ГРАД СО КОМБЕ ЈА ОДНЕЛЕ ВО НЕПОЗНАТ ПРАВЕЦ: Киднапирана белоруската опозиционерка Марија Колесникова

Неидентификувани лица во центарот на Минск ја киднапирале Марија Колесникова, лидерка на белоруските протести, и ја однеле со комбе во непознат правец, соопштија локалните медиуми повикувајќи се на очевидци.

Британските медиуми јавуваат дека соработниците на Колесникова ги проверувале овие извештаи на медиумите.

Белоруската полиција исто така ја испитува веродостојноста на информацијата, а истовремено таа денеска соопшти дека 633 лица се уапсени за време на демонстрациите што вчера се одржаа во главниот град Минск поради контроверзниот реизбор на Александар Лукашенко за претседател.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img