Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ПРЕД ТОЧНО 80 ГОДИНИ ЗАПОЧНА “ЛОНДОНСКИ БЛИЦ“! СО 1000 АВИОНИ ХИТЛЕР ГО НАПАДНА ЛОНДОН!

 На 7 септември 1940 година околу пладне над Лондон започнале да пристигаат бранови од авиони со кукасти крстови и да исфрлаат тешки бомби на највиталните делови на англиската претстолница. Бомбардирањето продолжило и во текот на ноќта. Разорнувањата биле огромни а загинале околу 400 и ранети околу 1500 луѓе.

Еден од најголемите напади над Лондон бил одигран во ноќта на 15 септември кога градот го нападнале повеќе од 1000 германски авиони. Британската одбрана дејствувала многу храбро, одлучно и прецизно. Посебно лесно излегувале на крај со авионите за обрушување Ју-87 попознати како Штуки. Недостатокот на брзина во текот на искачување и слабите маневарски способности ги правеле штуките немоќни пред брзите спидфајтери и добро вооружените харикени. Луфтвафе во текот на ноќта на 15 септември изгубила 60 а РАФ – 26 авиони. Овој неуспех ја натерало германската команда да се ориентира на ноќните напади на другите поголеми градови и големи индустриски објекти.

Со нападаот на историскиот град Ковентри во кој се наоѓале неколку фабрики за авиони и машини, како и низа други индустриски објекти започнува третата етапа на воздушните напади на 14 и 15 ноември. Во неа биле ангажирани околу 500 германски бомбардери кои 10 часа непрекинато бомбардирале. Во градот Ковентри загинале 550 луѓе а околу 860 биле ранети.

Покрај Ковентри, во третата фаза на нападите биле бомбардирани и Лондон, Бирмиген, Ливерпул, Саутемптон, Бристол, Плимут, Манчестер, Нотингем, Лидс, Шефилд, Глазгов и др. Поаѓајќи од февруари 1941 година значително е смален интензитетот на бомбардирања, а во текот на втората половина од април и почетокот на мај во три обиди Луфтвафе преземаше масовни напади над Лондон. Овие последни бомбардирања имале делумно за цел дезинформативен карактер, за да се остави впечаток дека се започнува со операцијата Морски Лав а со кој се прикривала операцијата Барбароса т.е. престојниот напад на Советскиот Сојуз.

Веќе во втората половина на мај 1941 масовните бомбардирања на Англија практично биле прекинати. Според податоците кои ги дава историчарот Лидл Харт. германските авиони срушиле околу милион станбени и многу јавни згради во Британија. Од бомбардирањата загинале околу 40000 а ранети околу 46000 луѓе. Меѓутоа индустриските постројки биле добро бранети, така што во таа облааст немало значителни разорнувања.

На Англија биле фрлени околу 60000 тони бомби. РАФ изгубил 915 борбени авиони а Луфтвафе останала без свои 1733 летала. Англиската команда се обидела да возврати на ударите на Луфтвафе, па така во ноќта помеѓу 23 и 24 септември 119 борбени авиони на РАФ полетуваат во правец на Берлин. На цел стигнале само 84 летала. Големите загуби ги принудиле британците да отстапат од таквите напади и да се концентрираат на цели на индутриските приобални градови како Хамбург, Бремен и Кил. Постепено војната помеѓу Германија и Британија преоѓа на море со учество на морнарицата и воздухопловството и од двете страни.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...