Пациент заразен со коронавирус кој наводно е мигрант, денес околу 13 часот побегнал од Клиничкиот болнички центар во Риека.
Вработените во болницата веднаш повикале полиција, која со помош на здравствените работници веќе неколку часа го пребаруваше паркот во рамките на КБЦ, пренесува Индекс.хр.
КБЦ Риека во изјавата наведува дека пациентот бил донесен во болница во придружба на полицијата, како дел од група на странски државјани.
На Клиниката за инфективни болести на Универзитетскиот болнички центар Риека е утврдено дека пациентот е позитивен, но без симптоми и здравствени проблеми.
– Пациентот кој доброволно ја напушти институцијата беше под постојан полициски третман, се вели во соопштението на КБЦ.