Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

МИШЕЛ ЗА БРАКОТ СО БАРАК ОБАМА: „Ми доаѓа да го фрлам преку прозор“

Некогашната прва дама има важна порака за младите кои стапуваат во брачна заедница. Некогашната прва дама во Белата куќа Мишел Обама која следната година ќе прослави 28 години брак со Барак Обама, зборувала за тоа колку треба да се вложи во една врска за таа да трае што подолго.

Мишел била искрена во поглед на брачните успони и падови кој таа и Барак ги доживеале

– Имаше моменти кога сакав да го фрлам прку прозор. И тоа сериозно го велам, бидејќи чуствата беа толку интензивни. Но тоа не значи дека сакав да го напуштам. А таквите периоди негогаш можат да траат доста дилго, па дури и со години – истакнала Мишел се осврнала и на предходните генерации кои не биле отворени за проблемите во бракот.

– Младите парови се соочуваат со предизвици и подготвени се да се откажат бидејќи мислат дека се скршени. Само сакам да им кажам, ако така правевме тогаш јас и Барак бевме скршени неколку пати. Во тие тешки моменти да се одалечував од него, тогаш ќе ми недостасуваше целата убавина која беше тука – истакнала.

Што се однесува до карактерот кој е важен кога станува збор за пронаоѓање партнер за цел живот, Мишел рекла дека тоа потсетува наизбор на кошаркарски тим.

– Ако го гледате тимот, луѓе со кои сакате да победите, тогаш сакате сите во вашиот тим треба да бидат силни, така? Не сакате никакви слаби карики и не сакате некој над кого ќе можете да доминирате. Исто така ако сте во некој тим, мора да бидете во состојба да правите се – посебно во кошарката каде што мора и да дриблаш и да шутираш.

Најавувајќи ја епизодата за нов подкаст рекла дека бракот со Барак е еден од најважните делови на нејзиниот идентитет.

– Носи многу радост, смисла и подршка секој ден – напишала и ја поделила фотографијата од венчањето, пренесува Телеграф.

најчитани вести

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...