Ла Лига, една од најквалитетните лиги во светот стартува овој викенд со натпреварите од 1. коло. Се разбира дека барем засега ќе се игра пред празни трибини, но челниците на Ла Лига сметаат дека набргу би можеле гледачите да се вратат на стадионите.
Хавијер Тебас, првиот човек на Ла Лига денеска изјави дека тој се надева дека во февруари следната година би можело да се случи да има влез за гледачите. Дека тоа е најоптималната варијанта, но дека сепак се зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со Ковид-19 оваа есен во Шпанија.
Инаку треба да се напомене дека Шпанија е една од најпогодените земји во светот од коронавирусот.