Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР КОЈ ЌЕ МУ ПРКОСИ НА ЃУКАНОВИЌ – Познат датумот за формирање на влада

Еден од лидерите на Демократскиот фронт и Коалицијата за иднината на Црна Гора, Милан Кнежевиќ, изјави денеска дека очекува формирање на парламентот и нова влада во Црна Гора да има до крајот на септември или најдоцна во првите денови од октомври.

– Постојат јасни законски процедури, бидејќи гласањето ќе се повтори на одредени избирачки места … По објавувањето на овие резултати, мора да го конституираме парламентот во рок од 15 дена, а потоа да му испратиме писмо на претседателот Мило Ѓукановиќ, дека имаме парламентарно мнозинство, односно дека имаме 41 и повеќе пратеници и да побараме мандат за состав на новата влада, рече Кнежевиќ.

Тој исто така изјави дека не очекува какви било, како што вели, напнати ситуации, бидејќи, додаде тој, самиот Мило Ѓукановиќ го призна поразот на неодамнешните избори.

– За него е јасно дека ги изгуби изборите и тоа со несовесни потези, особено со Законот за слобода на вероисповед, рече Кнежевиќ.

Тој исто така вели дека неговата коалиција сака стабилна влада, како и дека Црна Гора, како што вели, никогаш повеќе нема да биде антисрпска држава и дека јасно ќе одлучи за членството во ЕУ.

– Ние сакаме да формираме стабилна влада со партиите на малцинските народи и затоа мора да ги развиваме односите со најблиските и најбратски држави, особено со Србија, Руската Федерација, Република Српска, БиХ …, рече Кнежевиќ.

најчитани вести

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Забава

Германските здравствени власти започнуваат истрага против студиото што го снима најновото, четврто продолжение на легендарната акциона серија на СФ Матрикс за „корона забава“ во...